Креирај содржина во склад со себе
Програма за креативни жени во онлајн бизнис кои одбиваат да следат правила и трендови
Почеток на новата група 01/03/2025
Креирај содржина во склад со себе е 8 неделно искуство за креативни жени кои градат онлајн бизнис.
ТИ ЗВУЧИ ЛИ ОВА КАКО ТЕБЕ?
“Не знам од каде да почнам, ми треба план до кој ќе се држам...”
“Немам структура и не знам за што да креирам следно. Ми изгледа прекомплирицано.”
“Збунета сум и не знам како најдобро да се претставам себе и своите понуди на мојата публика”
“Премногу време поминувам на социјални мрежи, сакам да ангажирам некој да ми ги води”
“Се прашувам дали е подобро да креирам содржина однапред или да креирм кога ќе имам инспирација”
“Слушав некои поткасти од маркетинг експерти и бизнис тренери ама искрено повеќе ме збунија”
“Ми е страв да не звучам како топ шоп продажба”
“Постојано постирам "quotes" зошто немам идеја за друго”
СЀ МИ Е ЈАСНО!
И јас бев на твое место. Затоа сега сакам да ти го покажам мојот процес на креирање содржина со леснотија.


Ако се препознаваш во претходните изјави, замисли да знаеш:
Како да ја планираш твојата содржина за секое парче да има намена и цел (а не да постираш само колку да се постира)
За кого креираш содржина (кому му пишувам и продавам)
Како да се претставиш себе и својата услуга/производ а да не се претопиш во конкуренцијата.
Како да избереш платформа за содржина која е во согласност со твојата страст и твојот прогрес (нешто на што си спремна да се посветиш не само нешто на што другарка ти се појавува)
Зошто твојата содржина не е доволно видена сега.
Како да креираш содржина со која луѓето се поврзуваат но и се задржуваат и укажува јасно на следни чекори.
Како да изградиш односи со твојата заедница на ненаметлив и пријатен начин.
За кого е овој програм?
За жени кои започнуваат или некое време креираат содржина онлајн за своите бизниси но се изморени од дефиниции и правила кои не се по нивна мерка. За амбициозни жени едукатори, coach-еви, ментори, советници, консултанти, креатори, сопственички на мали бизниси кои се уморни од притисок, стрес и туѓи правила за креирање содржина, споредување и веќе видени совети. За жени кои не сакаат да бидат како сите и кои не се гледаат во туѓите дефиниции за успех.
Ако не си сигурна дали ова искуство е за тебе, незадолжително пополни ја пријавата на линкот подолу и дознај дали е ова вистинскиот следен чекор за тебе.
Што ќе добиеш?
Ќе добиеш структура но и леснотија во креирањето содржина за да имаш повеќе време се посветиш на работа со твоите клиенти. Ќе добиеш идеи за креирање содржина и дозвола да креираш како што ти сакаш а со тоа раст на твојот бренд и продажби. Ќе го најдеш својот идеален процес на креирање содржина. Ќе имаш план кој ќе ти биде забавен. Ќе добиеш јаснотија низ преземање акција.
ЗА ПРОГРАМАТА:
низ 10 лекции во текот на 8 недели ќе ви пренесам како јас креирам содржина во овие 7 години онлајн како и мојот личен креативен процес кој стои зад повеќе од 20 успешни лансирања на дигитални производи

Како изгледа програмата?
Одбери го вистинсиот тип на профил
Напиши квалитетно био
Оптимизирај го твојот Инстаграм профил
Ќе добиеш поинаква перспектива за начинот на креирање содржина
Ќе научиш да ги поставиш целите на твојот бизнис а со тоа
Ќе добиеш јасна слика што да комуницираш во следниот период
Ќе добиеш јасна слика за кого креираш содржина
Ќе научиш да се ставаш во чевлите на твојот идеален клент
Ќе научиш како изгледа патувањето на секој твојо потенцијален клиент
Ќе научиш кои 4 фази на патувањето постојат и што да креираш во секоја од нив
Ќе научиш да избереш платформи на кои ќе можеш да се обврзеш на доследно креирање
Ќе научиш да разликуваш 4 генерации на поторшувачи за да донесеш одлука на која мрежа се твоите идеални клиенти
Што е newsletter и зошто е навредниот алат во твојот бизнис
Едноставни чекори за почнување на Newsletter
Брендирање на newsletter
Стратегии за зголемување на e-mail листата и за продажба
Најди го твојот стил на креирање на содржина
Ќе изградиш свој креативен процес кој ќе те радува наместо да те преплавува
Креирање на разлини формати содржина на примарна платформа
Креирање на разлилни формати на содржина на секундарна платфомра
7 евергрин правила за социјални мрежи
Како да креираш содржина која ќе те позиционира како авторитет
Како да креираш содржина со која клиентите се поврзуваат
Техника за креирање содржина која продава
*Ако не си сигурна дали ова искуство е за тебе, незадолжително пополни ја пријавата на линкот подолу и дознај дали е ова вистинскиот следен чекор за тебе.

Инпутот во групата е како за Mastermind
Целосен пресврт на тоа како го планирам контентот, свесност за персоната за која креирам, многу полесно се чувствувам. Горда сум што почнав да собирам email адреси и што креирам без страв. Најмногу ми се допаѓаат јасните информации, форматот (видео плус група) многу учечки. Сега знам за која персона креирам за кој производ креирам. Priceless. Кате е одлична, многу едуцирана, информациите се многу значајни и јасно поддржуваш и насочуваш. Дополнително си многу вклучена и адекватна. Инпутот во групата е како за Mastermind!

Ана Јанкуловска
Психотерапевт и системски тренер

Енергијата ја прави магијата!
Најмногу ми се допадна структурираниот пристап во кој чекор по чекор се отвораа информациите, водени со примери и насоки што да се направи, дополнително вклучувајќи ја можноста да се постави прашање и до предавачот и до сите учесници во програмот за секој предизвик пред кој ќе се најде човек. Добив идеи, освестување на нешта кои сум ги правела интуитивно сега можам и планирано и свесно да ги поставам, и најважно појдовна точка од која ќе ја градам стратегијата. Споделувањето на личните приказни, осветлување на патот, споделување на (не)успесите и учењето од нив, топлата поддршка, отворениот пристап и достапноста за одговорање на прашања кои не се поставени по прв пат, ставот со којшто приоѓа на целата работа и нејзината искрена намера да биде поддршка на почеток на патот, ја прави Кате прекрасен ментор. Таа енергија се чувствува и според мене тоа ја прави магијата.

Ана Салтирова Давидовски
Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој

Најдобрата одлука за почеток на годината!
Овој програм и Кате, даваат структура и квалитетни насоки за размислување. Добив знаење но и многу корисни совети за тоа како да управувам со платформите. Кате има многу длабински пристап, беше достапна за сите прашања и организацијата на програмот е беспрекорна. Ова беше најдобрата одлука за почеток на годината!

Мартина А. Георгиев
CFO, финансиски советник и едукатор

Вистински насоки за да знаеш каде да се движиш
Кате многу јасно ги дефинира работите, убаво знае да го пренесе своето искуство стекнато, за тоа се случува многу раст кај девојките од програмата, навистина прекрасен учител! Заклучив дека растот зависи од нас и од нашата доследност и колку сме посветени. Но сепак сфатив дека ти требаат вистински насоки за да знаеш каде да се движиш и на што да работиш за да растеш!

Валентина Стојанова Ристоманов
Сертифициран хата јога учител

Кате е максимално достапна секогаш и за секое прашање
Во програмата има многу многу многу знаење и начини како да се постигнат целите. Беше огромен предизвик од некаде да се почне. Видеата се полни со знаење. Ми помогнаа да бидам доследна, да се организирам и да направам план, да создавам. Кате е максимално достапна секогаш и за секое прашање. Секогаш кога ќе имам прашање или ќе побарам поддршка и совет ги добивам од неа.

Николина Петровска
Медиумски едукатор

По програмот чувствувам самодоверба, цврстина, сигурност
Најкорисно во програмот ми беше фидбекот што Кате го дава. Целото искуство ми беше излегување од комфорт зона и појавување на мрежа. Најмногу ми се допаѓа посветеноста и достапноста на менторот и нејзините искрени одговори (шамари). По програмот чувствувам самодоверба, цврстина, сигурност.

Катерина Маркоски
архитект и дизајнер на ентериери

Добив самодоверба да се појавувам со лик на социјалните мрежи
Се пријавив за да се унапредам себе си и да стекнам поголема самодоверба на социјалните мрежи.
Во текот на програмот скоро се ми беше корисно но би сакала да ги издвојам 1 на 1 консултациите. Добив самодоверба да се појавувам со лик на социјалните мрежи. Оваа соработка ми остави одличен впечаток затоа што Кате цело време беше достапна за комуникација во групата и неизмерно го споделуваше своето знаење.

Александра Јовиќ
графички дизајнер

Овде има енергија која буди и води
Преку извршениот предизвик зададен од страна на Кате и на мое огромно задоволство, Кате ми даде пристап до
еден нов светоглед! Сега помалку се
плашам да пишам што мислам јавно. Имам уште работа на тоа после но патот тргна во подобра и посамоуверена
насока. Екстра добро би било кога би почнала да снимам и видеа со глас и лик. Не се плашам да ги повикам
луѓето на акција и купување и повеќе размислувам за психолошкиот момент кај луѓето. Препорачувам на секоја
една жена која е човек од акција да започне да работи со Кате! Ова не е место за прокрастинација! Овде има
енергија која буди и води. Се чувствувам мотивирано, инспирирано, будно, свежо, ведро, БЛАГОДАРНО!

Јана Иванова
графички дизајнер

Програмата ми помогна уште првиот месец да успеам
Твоето детално објаснување во сите од лекциите е нешто посебно, тоа што си присутна за поддршка цело време и за нашите прашања.Кате, овој курс би требало да го слуша
секоја жена којашто има бизнис. Најискрено така мислам. Јаснотија, цел, открив која е моја персона, кое е мое зошто, еден куп нови корисни информации, после овој програм знам дека никогаш нема да креирам содржина ради реда.
После програмата се чувствувам преубаво. Пресреќна сум што бев дел од програмот Креирај содржина во склад со себе. Со овој курс ми се сменија целите кои ги имав долгорочно направено, почнав работа од дома, добив и прв клиент. А за ова мислев ќе ми требаат месеци и месеци труд. Програмата ми
помогна уште првиот месец да успеам. Фала ти Кате! Го препорачувам од срце на сите жени претприемачи! ❤️

Марија Ѓорѓиевска
виртуелен асистент

Ова искуство ми даде насоки, храброст, сигурност и знаење
Долго време размислував дали да отворам канцеларија за консалтинг услуги со финансии или тоа да го
направам на инстаграм и идеална прилика ми беше кога видов дека такво нешто постои и кај нас а посебно што Кате, ти го водиш цел процес. Групата на жени во овој програм те предизвикува да растиш а со тоа и повеќе да учиш и
осознаваш и секако да гледаш од повеќе страни на еден проект. Претходно немав воопшто знаење за инстаграм и како функционира, сега можам да кажам дека стигнав до одредено ниво кое мене ми прави радост но и предизвик да научам повеќе а не да се откажам. Имам прекрасен впечаток, што би сакала да трае. Ова искуство ми даде насоки, храброст, сигурност, знаење, го зацврсти мојот став.

Јасмина Христовска
финансиски консултант
Што се е вклучено?
Програмата трае од 01.03.-30.04.2025 Кракта содржина на се што е вклучено во ова искуство:
10 сеопфатни модули на платформа кои се отвараат секоја недела
PDF материјали и задачи за имплементирање секоја недела
1 групен повик за запознавање
2 Q&A повици во живо на Zoom во времетраење од 90 минути
+
Бонус 1: Webinar: Лансирај во склад со себе 90 минути
Бонус 2: Webinar: Newsletter во склад со себе 90 минути
Бонус 3: Webinar: Со Инстаграм до идеалните клиенти 45 минути
Бонус 3: Групна поддршка од вто-чет во What’s app група во времетраење на програмата
Одбери ја најдобрата опција за тебе
FULL EXPERIENCE (на 3 рати)
€55
/ месечно
10 модули
PDF материјали за секој модул
1 групен повик за запознавање
2 Q&A Повици во времетраење од 90 минути
Бонус 1: Webinar: Лансирај во склад со себе 90 минути
Бонус 2: Webinar: Newsletter во склад со себе 90 минути
Бонус 3: Webinar: Со Инстаграм до идеалните клиенти 45 минути
Бонус 3: Групна поддршка од пон-пет во What’s app група во времетраење на програмата
FULL EXPERIENCE во целост
€159
/ во целост
10 модули
PDF материјали за секој модул
1 групен повик за запознавање
2 Q&A Повици во времетраење од 90 минути
Бонус 1: Webinar: Лансирај во склад со себе 90 минути
Бонус 2: Webinar: Newsletter во склад со себе 90 минути
Бонус 3: Webinar: Со Инстаграм до идеалните клиенти 45 минути
Бонус 3: Групна поддршка од пон-пет во What’s app група во времетраење на програмата
Имаш дополнителни прашања?
Пиши ми на katerina_ljamova@hotmail.com и заедно ќе истражиме дали "Креирај содржина во склад со себе" е најдобриот следен чекор за тебе.
Чести прашања
Следниот циклус на програмата "Креирај содржина во склад со себе" ќе трае 8 недели од 01.03 до 30.04.2025
За да бидеш сигурна дека си фит за оваа програма, подготвив пријава која откако ќе ја пополниш ја разгледувам и ти одговарам во рок од 48 часа дали е ова вистинскиот следен чекор за тебе. Доколку не е, ти давам моја препорака за следниот чекор.
Штом твојата пријава е потврдена, добиваш пристап до бонус материјалите. Програмот официјално почнува на 01.03.2025
За да учествуваш доволно е да имаш Инстаграм профил и идеја која си спремна да почнеш да ја реализираш.
Кога еднаш ќе го вложиш овој износ, поврат на средствата не е возможен и затоа сакам да се придружиш во овој програм ако си 100% сигурна во својата подготвеност.
Не можам.
Ќе ти пренесам се' што знам, ќе те мотиврам, инспирирам, ќе ти укажам на изговори кога ќе ги забележам и ќе те поттикнам да сонуваш ПОВЕЌЕ. Но за резултати е потребно време, верба и труд. Овде нема да пронајдеш формула за успех преку ноќ.
Но, ако решиш дека храбро ќе се појавуваш секој ден со цел раст на твојот онлајн бизнис - со таа енергија секогаш доаѓаат неверојатни резултати.
За мене
Јас сум Катерина и во последните 7 години креирам содржина и дигитални производи онлајн.
Тестирав повеќе различни бизнис модели, лансирав дигитални и физички производи повеќе од 20 пати успешно. Организирав три виртуелни конференции во две години со 2000+ учесници. Креирам содржина на социјални медиуми, главно Instagram но и на newsletter, блог и на мојот поткаст.
Цело ова искуство, денес го делам со вас кои сакате да креирате содржина во склад со себе со цел раст на вашите онлајн бизниси.
Прграмата "Креирај содржина во склад со себе" ја поминаа 80+ жени и секој следен циклус го земам нивниот feedback, ја подобрувам и ја прилагодувам на потребите на моите идеални клиентки.
Let’s GROW!
